еМагазин
Image default
Бизнис

Градежништвото во експанзија: Во изградба станови со вкупна површина од 60.233 квадрати

Според податоците на Државниот завод за статистика во јануари 2019 се издадени 307 одобренија за градење, што е за 62.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.055.602.000 денари, што е за 68.1% повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (51.1%) се наменети за објекти од високоградба, 59 (19.2%) за објекти од нискоградба и 91 (29.7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 307 објекти, на 175 (57.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (43.0%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 810 станови, со вкупна корисна површина од 60.233 м2 .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот долг до крајот на годинава нема да достигне 60% од БДП, тврди Бесими

Редакција

ЕСМ и топланата „Скопје Север“ потпишаа договор – ќе продолжи испораката на греење во општините Чаир и Бутел

Редакција

Витаминка, Макпрогрес и Европа ќе им дадат дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно: Кој е следен?

Редакција