еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Изложба на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ во НЛБ Галерија

Утре (20 март) со почеток од 20:30 часот, во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена изложбата „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ на дела од Моника Десоска – Каргова.

Моника Десоска-Каргова за прв пат се претставува на македонската публика во 1992 година, со делото „ Поглед кон надвор“ во Дом на култура-Прилеп. Помеѓу тогаш и денеска, нејзиниот уметнички дух не мируваше туку се трансформираше, патуваше, моделираше и истражуваше.

Делата од серијата наречена „ Живееме, Танцуваме, Тагуваме….“ се развиени низ последните 9 години од уметничкото творештво на уметницата.

Нејзините дела претставуваат флуидна структура, со колоритна експлозија која го наведува набљудувачот на индивидуален, интимен разговор. Делата не заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Употребата на сегментите на небо, земја, воздух и море создава длабочина која ја потенцира безграничноста, динамиката и енергијата со која се поистоветуваме.

Изложбата ќе во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) се до 10.4.2019 година и ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 18 часот и сабота од 8 до 16 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува ноќното скијање во ски-центарот „Попова Шапка“

Редакција

„Играј Одговорно“- кампања на Асоцијацијата на спортски обложувалници за одговорно спортско обложување

Редакција

„Преспав“ не спие – започна снимањето на третата сезона

Редакција