еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Почнува ноќното скијање во ски-центарот „Попова Шапка“

Од вечерва, првпат оваа сезона започнува ноќното скијање во ски-центарот „Попова Шапка“.

Ноќното скијање се организира во петок и сабота, од 19 до 22 часот. Цената на билетот е 700 денари.

Зимската скијачка сезона на Попова Шапка почна на 15 декември со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“, првпат во рамки на новопрогласениот Национален парк Шар Планина.

На располагање на посетителите, како што велат од ски-центарот, покрај бројните сместувачки капацитети, се и хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ со кои стопанисува „Елем турс“ и кои нудат бројни пакети за сместување и користење ски-билети, школата за млади скијачи, наем на опрема и слично, како и попусти за повеќедневен аранжман во хотелите.

МИА/Фото: Фејсбук/Бектеши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ајварот „Мama’s“ ќе се мачка на леб и во Виена

Редакција

Активирајте Gley преку Мојот А1 и гледајте ги најпопуларните серии и филмови

Редакција

И тимот на фармацевтски гигант Галеника трчаше низ Скопје

Редакција