еМагазин
Image default
Балкан

Еден месец по автобуската несреќа обновен сообраќајот на автопатот Струма

Еден месец по страшната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 лица, сообраќајот на 32-от километар е повторно целосно воспоставен.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на несреќата веќе се заменети старите заштитни огради со нови, обновени се ознаките, а максималната дозволена брзина останува 120 км/ч.

Целосно е заменета, со нова и повисока, заштитната ограда меѓу исклучувањето за чешмата и активната лента, на делот каде излета и се запали автобусот на „Беса транс“.

Венец во спомен на жртвите е поставен на знакот „32 км“.

По несреќата на 23 ноември, сообраќајот по коловозната лента за Дупница и Кулата беше затворен за сообраќај, за вршење увид и истражни дејствија.

Агенцијата за патна помош на Бугарија, по несреќата изврши премер на делницата за да утврди дали знаците, заштитните огради и хоризонталните ознаки на подрачјето на несреќата се во рамките на законските норми.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: И верувам на Русија исто колку и на Западот

Редакција

Најмалку десет загинати, четворица исчезнати и 2.000 спасени во поплавите во Грција

Редакција

Каменос на мака: Преку Твитер го острани и заменик-министерот Кокалис од пратеничката група на Независни Грци

Редакција