На 18.03.2019 во 16.00 часот во СВРСкопје на булевар „Крсте Мисирков“ полициски службеник бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(28) од с. Арачиново, скопско, информира МВР.
Имено, при обид на полициски службеници да го легитимираат Ш.М. заради сообраќаен прекршок, тој одбил и со возилото го удрил полицискиот службеник. Ш.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.