еМагазин
Image default
Локално

Скопје повторно ќе блесне во гламур и сјај: Настанот „Story Awards“ ќе се одржи вторпат

По успешното минатогодишно доделување на наградите „Story Awards“, на 25 март во хотелот „Александар Палас“ по вторпат ќе се случи овој гламурозен настан.

Во ноќта на убавината, славата, гламурот, солзите и громогласните аплаузи, наградите ќе ги добијат актерски, музички, телевизиски, спортски и бизнис-личности по избор на регионалното уредништвото на магазинот „Story“.

Инаку, „Story awards party“ е едно од најзначајните случувања во светот на шоубизнисот, кое секој пат успева да ја оправда својата репутација на огномет од емоции, естетика и незаборавна забава.

Патем, со настанот „Story Awards“ ќе биде најавено и новото специјално издание на магазинот„Story“, кое вторпат ќе се појави на македонски јазик.

„Story“ e најтиражен магазин за познатите личности препознатлив по актуелната и ексклузивната содржина како и интересните приказни од животот на славните личности.

Освен по свежите и живи рубрики овој магазин се разликува од конкуренцијата и по пристапот кон познатите личности кои токму во „Story“ го демистификуваат она што тие го претставуваат во јавноста, оголувајќи се пред читателите и делејќи ги со нив своите најинтимни животни моменти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 40 килограми риба запленети од рибокрадци на Дебарско езеро

Редакција

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Редакција

Жената која падна од тераса на 8. март во Охрид била турната, кривична за двајца за обид за убиство и помагање

Редакција