Реакциите на социјалните мрежи за синот за професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на државата, не стивнуваат, а коментарите главно се во негова одбрана.
Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова која на Твитер е доста активна и дава коментари за актуелни случувања, кажа свој став во врска со објавената фотографија од Павле Давков, кој свири на кавал во Градски парк.
Кога самоумислената "елита" се потсмева и ги омаловажува оние кои решиле да бидат свои а да не го живееат животот според квазиелитистичките стандарди, тоа не е ни срамно ни долно. Тоа е веќе жално. Респект за сите кои се во допир со музиката и природата! https://t.co/vKeZOkAlQl
— Ganka Cvetanova (@gankacv) March 22, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приказната за „синот и кавалот“ џиновска услуга за Силјановска
Силјановска за омаловажувањата дека син ѝ свирел на кавал во парк: Јас сум горда на Павле
(Фото) Кој е сопругот на Гордана Слијановска Давкова
Фото: Силјановска/Фејсбук