еМагазин
Image default
Балкан

Грчкиот претседател: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потрбно е да се исполнат предусловите

Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија, но потребна е целосно почитување на меѓународното право и правилна имплементација на Договорот од Преспа, во спротивно ќе биде блокирана нејзиниот европски пат, вели грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во честитката до Грците од дијаспората по повод националниот празник 25 март, јави дописничката на МИА од Атина.

Во писмената честитка, Павлопулос освен за важноста на празникот, ги споменува и т.н. грчки национални прашања, односите на Грција со Турција, Албанија, Северна Македонија, како и кипарското прашање.

-Што се однесува на Република Северна Македонија, ние ја поддржуваме нејзината европска перспектива. Но, предуслов за оваа перспектива, од нејзина страна е целосно и искрено почитување на европското законодавство, со тоа и меѓународното право во целост, а пред сè Договорот од Преспа, што мора да се толкува и да се имплементира, според неговата содржина и духот, на начин што не остава ниту трага од иредентизам.

Според тоа, секоја спротивна тактика, се подразбира, дека ќе го блокира европскиот интегративен напредок на Република Северна Македонија, пишува Павлопулос во честитката, пренесе МИА.

Грчкиот претседател вели дека „Грција е фактор на мир и безбедност на Балканот и во поширокиот регион на Југоисточниот Медитеран и целосно и практично ги почитува европското и меѓународното право” и се стреми кон пријателство и соработка со сите соседи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојко Борисов во карантин, шефицата на неговиот кабинет заразена со Ковид-19

Редакција

Слободен влез во Србија, од утре ги укинува сите ковид-мерки

Редакција

Ципрас: Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција ќе беше и на нашата северна граница

Редакција