еМагазин
Image default
Бизнис

Доминација: Пет банки меѓу десетте компании од Македонската берза со најголема добивка

Пет банки кои котираат на Македонската берза се меѓу десетте компании со најголема добивка во 2018 година. Прва со најголем добивка е Стопанска банка АД Скопје од 2,746 милијарди денари, следи НЛБ Банка АД Скопје со 2,120 милијарди денари, потоа Комерцијална банка АД Скопје со 1,806 милијарди денари.

Во топ десетте компании е Македонски телеком АД Скопје со нето добивка од 1,421 милијада денари, Мермерен комбинат АД Прилеп со 1,403 милијарди денари, Цементарница УСЈЕ АД Скопје со 1,048 милијарди денари, Алкалоид 862 милијони денари, Макпетрол АД Скопје 778 милијарди денари, Охридска банка 577 милиони и УНИ Банка 268 милиони денари.

Од Берзата посочуваат дека 10 компании со најголема нето добивка оствариле во текот на минатата година околу 90 отсто од вкупниот промет на Берзата.

Вкупната нето добивка на 100 компании што котираат на Македонската берза минатата година изнесува 224.097.334 евра или 14.970.900.000 денари и бележи раст во однос на претходната година од 26,25 проценти, кој се појаснува со растот кај котираните компании

Според дејноста во банкарство, осум банки имале добивка и ниту една загуба, во градежништвото три компании се со добивка, а една со загуба, земјоделството пет со добивка и ниту една со загуба, во индустријата 30 со добивка и 10 со загуба, во осигурителниот сектор две компании имале добивка и ниту една загуба, во трговијата девет компании оствариле добивка и четири загуба, во трговијата со нафтени деривати една имала добивка и една загуба, во угостителството четири компании оствариле добивка и ниту една загуба, во услужната дејност 13 компании имале добивка и шест загуба и во дејноста фармација две компании имале добивка и ниту една загуба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„КАМ“ го зголемува регресот за годишен одмор на 37.600 денари

Редакција

Фершпед со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција

Мерките за влез во Грција остануваа исти до следната недела

Редакција