еМагазин
Image default
Бизнис

„Триглав Осигурување“ склучи зделка со заинтересирана страна

Одборот на директори на „Триглав Осигурување“ АД, Скопје донесе одлука за одобрување на склучување на договори за реосигурување за 2019 година со „Триглав Ре“ Љубљана од 08.03.2019 година, врз основа на која е склучен договор за реосигурвање за 2019 година помеѓу „Триглав Осигурување“ АД Скопје и „Триглав Ре Љубљана“, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во склучениот договор за реосигурување за 2019 година вредноста на Договорот за реосигурување на вишок штети од зелена карта изнесува 191.510 евра. Вредноста на договорот за реосигурување на катастрофални штети изнесува 58.650 евра. Вредноста на договорот за реосигурување на вишок на штети за транспорт изнесува 2.800 евра.

Вредноста на договорот за реосигурување на вишок на штети за каско изнесува 31.050 евра, вредноста на договорот за реосигурување на вишок на штети за незгода изнесува 4.310 евра, додека за останатите реосигурувања вредноста ќе се определува по основ на пријавени ризици во текот на годината“, соопшти компанијата.

Капиталната поврзаност помеѓу „Триглав Осигурување“ АД Скопје и „Триглав Ре“ Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заваровалница Триглав и официјално стана трет пензиски фонд на македонскиот пазар

Фото: rtvslo.si

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар не доставила правилни елаборати: ДУП-от кај „Холидеј Ин“ не може да се суспендира

Редакција

Од 7 до 20 април затворање на сите угостителски објекти

Редакција

Гордана Гацева назначена за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција