еМагазин
Image default
Балкан

Романската колешка на Катица Јанева, Ковеси, обвинета за корупција

Лаура Ковеси, фаворит за функцијата европски обвинител, е обвинета за корупција, соопшти извор од судот.

Ковеси, која се смета за симбол на борбата против корупцијата, но се соочува со непријателство од страна на романската Влада, ја прими веста за време на шестчасовно сослушување пред специјална комисија, составена од истражни судии.

По сослушувањето, Ковеси изјави дека има обвинителска забрана за јавно споделување детали за случајот.

– Ова е обид да ме замолчат, да не исплашат сите во правосудниот систем што си ја вршиме работата. Најверојатно некои луѓе се толку очајни дека можам да ја добијам работата (главен обвинител на ЕУ) и затоа не ми дозволуваат да зборувам со медиумите – рече Ковеси.

Таа е осомничена за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење, обвиненија што ги негира.

Обвинувањата може да ги влошат односите меѓу европските лидери и Романија, која е меѓу најкорумпираните земји во ЕУ.

МИА/Фото: eu-ocs.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ескалација на протестите, бугарската Влада не планира да поднесе оставка

Редакција

Ковачевски, Вучиќ и Рама утре ќе одлучат дали ќе учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во четврток

Редакција

Бугарија го одложи воведувањето на еврото до 1 јануари 2025, доцни со усовојување на законодавството

Редакција