еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Варошлија за македонските инфлуенсери: Модерна проституција во 21 век

На вчерашната конференција „Нови комуникациски трендови и инфлуенсер маркетинг”, што се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на панелот кој се однесуваше на новата маркетинг „алатка“ на компаниите – инфлуенсерите, се дебатираше како тие функционираат во светот и кај нас, и дали реално, придонесуваат производот кој го рекламираат да биде купуван, односно да ги поттикнат нивните следбеници да го купат.

Модераторката на овој панел Ели Пешева, директор за комуникации во „Њу момент“, рече дека според одредени анализи објавени во „Форбс“ во декември во 2018 година, вредноста на еден долар, инфлуенсерите во просек ја претвораат во 5,5 долари, некои од нив дури и до 18 долари.

Користењето на Инстаграм во однос на другите социјални мрежи е зголемено за 10 пати и коефициентот на ангажираност на Инстаграм е највисок во споредба со другите платформи.

Според Данка Трбојевиќ од Драјв (Drive) од Србија, цената на инфлуенсерот зависи од тоа дали ангажираат селебрити инфлуенсер или не.

„Постовите се движат од 500 до 1.000 евра, а некогаш и повеќе. Повратот на инвестицијата е помножено со пет. Инфлуенсерот треба да се бира според целна група, бидејќи се намалува довербата во нив кога рекламираат повеќе различни производи“, рече Трбојевиќ.

Алеш Грахек од Avi од Словенија, исто така смета дека се намалува кредибилноста на инфлуенсерот кој работи за повеќе брендови.

„Инфлуенсерот е лесно да се најде ако лично го познаваш, знаеш што работи, на кој начин тоа го работи. Инфлуенсер маркетинг е начин на живот“, вели тој.

Според основачот на агенцијата „Пи ворлд“ и автор Коста Петров како и во други земји и тука има компании кои стратешки работат на инфлуенсер маркетинг и компании кои се мрзеливи во целиот процес.

„Но треба да се направи разлика помеѓу личност што има следбеници на социјалните мрежи и инфлуенсери. Инфлуенсер е личност која има одреден број на следбеници на социјалните мрежи и личност која може да влијае да ги инспирира следбениците да го купат производот. Компаниите како „Риц Карлтон“ или „Ролс Ројс“ пред да се одлучат да работат со инфлуенсер го следат шест месеци, внимаваат кои му се следбениците, што постира, какви коментари има на постовите, бидејќи мала грешка може да има голем негативен ефект врз репутацијата на компанијата“, вели Петров.

Тој додава дека има ефект од инфлуенсер маркетингот, но профит ќе имаат компаниите што го прават тоа паметно.

„Мислам дека околу 80 отсто од инфлуенсер маркетингот се базира на тоа: ти праќам подарок, фотографирај се, а не се базира на тоа ќе правиме година дена кампања и за секој пост ќе бидеш платен 150 до 200 евра, и ова се нашите очекувања.

Најчесто се користи иста личност на сите можни канали. Македонската сцена има огромен потенцијал и во би-ту-би секторот. Недопрен потенцијал е на јутјуб. Имаме јутјубери кои растураат, а многу малку компании работат со нив. Имаме 50 јутјубери кои се фасцинантни и имаат огромни бројки дури и за светски пазар, одличен број на сабскрајбер и гледаност“, додава Петров.

Тој потенцираше дека има луѓе кои градат кариера од тоа, но кај нас не може да се гради кариера поради тоа што цените се многу ниски и компаниите не се спремни да платат инфлуенсер.

Стилистот и тв-водител Сергеј Варошлија се сложува со Коста Петров дека има потенцијал на нашиот пазар за инфлуенсер маркетинг, но има квази-инфлуенсери.

„Нудењето на сопственото тело на погрешен начин им е водилка. Немам против голотија и проституција, напротив. 70 отсто се нудат сами себе, има ниска класа што ќе се нуди за чаша вода или за ич или за хулахопки. За жените трендот е градите, задникот да клекнам на земја демек рекламирам вода, за да ми пишат во Инбокс за да ме платат. Модерна проституција во 21 век. Си ги плаќаат производите, а сакаат да остават впечаток дека соработуваат со компаниите“, вели Варошлија.

Тој смета дека ако сте јавна личност, имате обврска и одговорност најпрво самите да верувате во производот кој го продавате, да веруватедека е добар за вас, па после да ги убедите и другите дека е добар и за нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлуенсери: Нова маркетинг „алатка“ на компаниите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: И верувам на Русија исто колку и на Западот

Редакција

Дискреционите зголемувања на платите во јавниот сектор ја „билдаат“ просечната плата

Редакција

Струјата ќе поскапи 13% ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите, одлука околу 20 јуни

Редакција