Жичарницата „Милениумски крст“ од денеска ќе работи до 18 часот, согласно утврдениот возен ред.
Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе – надолу.
Жичарницата на Средно Водно работи секој ден, освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.
Билет за возрасни чини 100 денари за два правци, а 50 за во еден правец. Билет за деца чини 50 денари.
Во вторник, петок, сабота и недела, бесплатен превоз имаат возрасните лица (жени со 62 години, мажи со 64 години).
Во среда бесплатно возење имаат учениците од средните училишта чиј основач е Град Скопје и одлуката важи за време на учебната година.
Во четврток бесплатно возење имаат и редовните студенти на некој од државните факултети.
Жичарницата „Милениумски крст“ беше пуштена во употреба на трети јуни 2011 година. Се движи со брзина од шест метри во секунда и оваа должина ја совладува за 4 минути и 18 секунди. Патниците се распоредуваат во 28 кабини за по осум патници и две кабини за четворица патници.
Вкупниот капацитет на жичницата е 1.160 патници на час, се наведува во соопштението од ЈСП „Скопје“.