еМагазин
Image default
Спорт

Драма на стадионот во Волково: Фудбалери тепале противнички играч и им се „пуштиле“ на полицајците

На 14.04.2019 година во 18.10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на фудбалскиот стадион на ФК Волково во с.Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, лицата Е.Ќ.(51), И.Ќ.(48), Ќ.Ф.(33), А.Ќ.(20) и Б.А.(30), сите од с.Коњари, скопско, фудбалери на ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир, информира МВР.

Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници.

Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Редакција

Огњан Циговски избран за претседател, а Јусуф Абдулаи за потпретседател на Скијачката федерација на Македонија

Редакција

Македонските ракометари загубија од Шведска во првиот натпревар на Светското првенство во Египет

Редакција