еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски оцени дека изборите поминале во мирна и демократска атмосфера

Институциите покажaa дека може да организираа мирни и демократски избори како што и доликува на една држава која е претендент да биде земја-членка на Европската унија, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој додаде дека МВР ги презело сите мерки за изборниот процес да помине во демократски и фер услови.

Како неправилности ги истакна фотографирања на гласачки ливчиња, оштетување на гласачка кутија во Новаци, делење на рекламен материјал со еден од кандидатите во Кучичино, за што е известено Јавното обвинителство.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 807 случаи на Ковид-19 од 3.312 тестирања, во Скопје 359

Редакција

Пендаровски: Случајот Онишченко е голем удар за кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Собранието ги одложи пописот и локалните избори

Редакција