еМагазин
Image default
Македонија

Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска ги прифаќа предностите од Договорот од Преспа

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува поддршката на Жозеф Дол, првиот човек на Европската народна партија (ЕНП) за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од таму.

„ЕНП беше силен поддржувач на преспанскиот договор и со ова се покажува дека истиот е прифатен како реалност од Силјановска Давкова и ВМРО ДПМНЕ.

Фактот дека поддршката на Жозеф Дол значи дека Гордана ги прифаќа предностите на договорот од Преспа, е позитивна промена.

Им посакуваме успех на кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова и се надеваме дека ќе имаме мирен и успешен изборен ден. Тоа е многу важен аспект за понатамошните евроатлантски интеграции“, се вели во соопштението на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: 51,1 отсто од Бугарите го поддржуваат влезот во ЕУ, но доколку земјава веднаш го спроведе Договорот за добрососедство

Редакција

Арсовска и Јовановска се единствените градоначалнички: На локалните избори 91,64% беа мажи, а само 8,36% жени

Редакција

До 13 часот излезноста на претседателските 23,95, на парламентарните избори 25,84%

Редакција