Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје на седницата на 29.5.2019 година да донесе одлука Томе Волкановски да биде именуван за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје за период до 16.3.2021 година, предлага банката во одлуката за претстојното Собрание на акционери објавена преку Македонската берза.
„На именуваниот член на Надзорниот одбор му се определува награда за ангажирање и учество во работата на седниците на Надзорниот одбор во износ од 45.000 денари. Управниот одбор на Банката поднесува пријава за упис на именуваниот член на Надзорниот одбор во трговскиот регистар“, пишува во предлог-одлуката.
Оттаму објаснуваат дека досегашниот член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје Доне Таневски на 5.3.2019 година доставил известување дека дава оставка оваа функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка
Кои се членовите на Управниот одбор на ТТК Банка?
ТТК Банка ќе дели бруто-дивиденда од 105 денари по акција
Доне Таневски си поднесе оставка од Надзорниот одбор на ТТК Банка