еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Награда за животно дело за генералниот директор на Адинг – Благоја Дончев

Претседателот на Управен одбор и генерален директор на Адинг, Благоја Дончев е добитник на наградата за животно дело во средна и југоисточна Европа, „Креатори на столетието“.

Во избор помеѓу 411 кандидати од 8 земји од регионот, меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ награди 56 компании, организации и лица од 6 земји, како најзаслужни за развојот на претприемништвото во средна и југоисточна Европа. Од македонските претприемачи и компании наградени беа и компаниите Халк Банк, Адора Инженеринг и Киро Дандаро.

„Секако дека едно вакво признание за животно дело, претставува чест за мене како генерален директор на Адинг. Уште повеќе што годинава одбележуваме 50 години од нашето постоење, а целиот професионален век речиси 40 години, го поминав во компанијата“, изјави Дончев.

„Креатори на столетието“ го доделува Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ од Хрватска, во рамки на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“.

Самитот годинава се одржа од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник, а го најавија и Светскиот конгрес на претприемачи „Северна Македонија 2019“, кој годинава ќе се одржува во Скопје во октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсега, вашето омилено Старбакс кафе заедно со Виталиа мусли…

Редакција

Премиера на претставата „Сите сме птици“ на Слободан Унковски, на 17 декември во МНТ

Редакција

(Галерија) Отворен новиот продажен салон, инженеринг и сервисен центар на ЕНЕРГИЈА доо

Редакција