еМагазин
Image default
Македонија

Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски на 12 мај

Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе се одржи во недела на 12 мај, потврдуваат за МИА од Собранието.

Пред народните избраници Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата.

Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Одѕивот на гласањето беше 46,70 отсто.

Пред Пендаровски фукцијата претседател на држвата ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и во изминатите десет години во два последователни мандата Ѓорге Иванов, од кого Пендаровски ќе ја преземе должноста.

Инаугурацијата на Иванов во Собранието се одржа исто така на 12 мај пред пет години, во 2014 година.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви надлежности ќе има новиот претседател Пендаровски

Виртуелна тура низ Вила Водно, каде ќе живее новиот претседател, Пендаровски

Како и Заев и Пендаровски нема ни куќа, ни стан: Каков имот пријавил новиот претседател на државата

(Фото) Што открива за Пендаровски, новиот претседател на државата, неговата сопруга Елизабета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ја отфрли претставката на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности

Редакција

Судот не дава одложување на затворската казна, Кочан доставил ново барање

Редакција

Обвинувањата за неефикасноста на полицијата за време на полицискиот час, за Чулев се политички

Редакција