еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Чашка: Вработил 40 лица кои „подзаборавале“ да доаѓаат на работа

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.П.(49) од Велес, поранешен градоначалник на општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување”, информира МВР.

Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување.

После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена повредена кога во неа удри автобус кај Железничка станица

Редакција

Двајца прилепчани набавиле 9.900 капсули „Трамадол“ од аптека во Велес

Редакција

Трагедија во Претор: Сопружници запалиле гранки во нивната бавча, мажот се загушил од густиот чад

Редакција