еМагазин
Image default
Македонија

Чавков не се сеќава за деталите од апсењето на Љубе Бошкоски

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков не се сеќава на деталите за апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, но е сигурен дека се било документирано, како и за сите останати случаи.

Тој сведочеше на денешното судско рочиште за случајот „Тортура“ на СЈО, за апсењето на Бошкоски  ден по завршувањето на парламентарните избори, бидејќи тогаш бил началник на Одделението за организиран криминал.

Посочи дека се сеќава оти апсењето било спроведено заради индикации за коруптивно кривично дело поврзано со финансирање на политички партии, но додаде дека тој не ја дал наредбата за апсење, туку јавен обвинител. Како што рече, знае дека во истрагата претходно се користеле и посебни истражни мерки.

-Како началник за организиран криминал наметнав практика, за секое дејство што го презема одделот да се приклучи претставник од Обвинителството за организиран криминал. Не се сеќавам дали сум учествувал во апсењето на Бошкоски, ама тврдам дека во секој случај е документирано се – рече Чавков.

На прашање од обвинителот Љубомир Лапе дали лично му се јавил на командирот на Алфите да го уапси Бошкоски, Чавков рече дека не се сеќава.

-Тој период се поклопува кога јас бев на коронографија во болница. Не се сеќавам – рече Чавков.

Во случајот „Тортура“ обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на алфите меѓу кои и тогашниот командир Ивица Анчевски – Пуки. Тие се товарат за нечовечно постапување и омаловажување при апсењето на Бошкоски во истрагата за незаконско финансирање на изборна кампања.

Чавков, пак, е во притвор во затворот „Скопје“ до правосилност на пресудата за нападот во Собранието на 27 април 2017 година.

На почетокот на сведочењето рече дека утрово не му било јасно зошто е спроведено од затворот во Шутка во Кривичниот суд се додека не бил повикан на сведочење за случајот „Тортура“.

На денешното рочиште ќе бидат сослушани уште двајца сведоци.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ

Редакција

(Фото) Апасиев бара оштета од 30 илјади евра оти бил незаконски прислушуван

Редакција

Венецијанската комисија најде куп забелешки на Закон за јазици кој е изгласан во Собранието

Редакција