еМагазин
Image default
Бизнис

„Оилко“ во загуба од 5,1 милиони денари

Во периодот јануари-март 2019 година „Оилко“ КДА Скопје оствари вкупни приходи во висина од 80,2 милиони денари и кај истите има 7,93% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година, а вкупни расходи изнесуваат 85,3 милиони денари и кај истите има 6,92% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Друштвото заклучно со 31.03.2019 година оствари загуба во висина од 5,1 милиони денари и истата е намалена за 7,27% споредбено со истиот период од 2018 година. Вкупните оперативни приходи се зголемени како резултат на зголемената продажба на домашен пазар и зголемената продажба на странските пазари.

Вкупните оперативни расходи се зголемени како резултат на зголемени трошоци за суровини и материјали, зголемени трошоци за услуги со карактер на материјални трошоци, зголемени трошоци за вработените и зголемени трошоци за амортизација“, информираат од компанијата.

Фото: Оилко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмички „Грозд“ оствари добивка од 42,5 милиони денари за девет месеци

Редакција

Иван Туџаров продаде акции во Реплек

Редакција

Почнува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хомe

Редакција