еМагазин
Image default
Македонија

Сабота 8 јуни е работен ден за сите институции коишто не работеа на 7 мај

На последната седница, Владата донесе одлука на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај, ден којшто беше прогласен за неработен поради посетата на Папата Франциск.

„Тоа значи дека 8 јуни е работен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на Град Скопје, за вработените и за учениците во основните и во средните училишта на територијата на Град Скопје коишто го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.

Исто така, Владата препорачува одлуката за одработување на 7 мај на 8 јуни, да ја спроведат и општините во градот Скопје и Градот Скопје.

Истовремено, доколку претходната препорака на Владата за 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор, сега Владата на приватниот сектор му препорачува тој ден да се одработи на 8 јуни (сабота)“, се вели во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Панчевски не се произнесе по обвинението, неговиот адвокат бара изземање на велешкиот Суд

Редакција

(Видео) Али Ахмети покажа дека одлично знае македонски јазик

Редакција

Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Редакција