еМагазин
Image default
Локално

Конгресот на педијатри со меѓународно учество ќе започне утре во Струмица

Утре, 25 јуни 2019 година, во Струмица, во хотелот Сириус ќе се одржи седмиот по ред Конгрес на педијатри со меѓународно учество кој ќе трае до 28 јуни оваа година.

Овој Конгрес има за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Свои стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за понатамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7-ми Конгрес ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Низ Тетово се вози и над 100 километри на час, казни за 55 возачи за четири часа контрола

Редакција

Запален џип „БМВ“ во Скопје

Редакција

Кумановец претепан пред ноќен клуб во Скопје

Редакција