еМагазин
Image default
Локално

Двајца скопјани украле камион од плац за паркирање

Истражна постапка се спроведува против две лица по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – тешка кражба.

Осомничените, на возраст од 39 и 37 години, на 4 јуни, од плац за паркирање камиони на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје одзеле товарно моторно возило – кипер марка „Ивеко“ во вредност од 1.900.000 денари.

Делото го сториле така што заедно и по претходен договор дошле на наведената локација, па додека едниот осомничен внимавал некој да не наиде, другиот со употреба на погоден предмет – штрафцигер го стартувал возилото, со што противправно го присвоиле и го напуштиле местото на настанот.

„Бидејќи постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените би можеле да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна 22-годишна девојка од Студеничани

Редакција

Со „БМВ“ излетал од обиколница и се забил во дрва

Редакција

Физички го нападнал, па го удрил со возило

Редакција