Согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса за објавување на трошоците на директорот Зоран Трајчевски на секои шест месеци, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, известува дека, во периодот од јануари до 30 јуни 2019 година, Трајчевски при вршење на својата функција, има направено трошоци во вкупен износ од 273.231 денари (4.443 евра).
„При патувања во странство – 195.153 денари од кои за авионски билети – 90.272 денари, за хотелско сместување 104.881 денари, трошоци за репрезентација во Република Македонија (угостителски услуги) – 59.809 денари, за службен мобилен телефон 18.269 денари“, се вели во соопштението на АВМУ.
Фото: Фејсбук/ Трајчевски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.