еМагазин
Image default
Локално

Педесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајната несреќа што се случи кај Ботун

Педесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Како што информираат од СВР Охрид, вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изгореа 7.500 лозници во Вевчани

Редакција

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

Заканувачки летоци за референдумот пред зграда во Скопје

Редакција