Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ го посети промотивниот пулт на „МојДДВ“ во „Веро 2“, Тафталиџе.
„Ова е за прв пат државата да им враќа пари на граѓаните. Бројот на скенирани сметки од самиот почеток на кампањата говори за успешноста на овој проект и покажува дека граѓаните се навистина заинтересирани да си го остварат правото на поврат“, рече Богдановиќ.
Заклучно со 17 јули 2019 година, скенирани се 3.541.016 фискални сметки, остварен е промет од 1.846.261.806 денари, а повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 29.767.379 денари.
Промотивниот караван за „МојДДВ“ во наредниот период ќе продолжи во повеќе градови во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„МојДДВ“: Како и колку пати може да ја скенирате фискалната сметка
Како да го надминете проблемот со скенирањето на фискалните сметки на апликацијата „МојДДВ“
Фото: Општина Центар