Руските пранкери Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус во интервју за српскиот весник „Политика“, велат дека не очекувале дека „пранкот“ со Зоран Заев ќе биде толкава сензација во Северна Македонија. Велат дека освен македонскиот премиер, досега не успеале да лажат некој друг функционер цела година.
„Македонија ни го привлече вниманието во август 2018 година, затоа што светските и руските вести почнаа да јавуваат за неминовно преименување на земјата. Го добивме Заев, но по првиот разговор одлучивме да почекаме уште малку за да слушнеме од него уште важни информации. Тој ни го даде мобилниот телефонски број, па продолживме да комуницираме преку „Воцап“.
Но, интересот на медиумите за Северна Македонија набргу исчезна, па со премиерот комунициравме повремено. Последниот разговор со него ни беше на 20 април, затоа што беше јасно дека Порошенко следниот ден ќе изгуби на изборите. Ја објавивме снимката дури по два месеца, затоа што една недела подоцна имавме поважен разговор со претседателот Макрон“, велат Вован и Лексус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Заев им вртел на руските комичари
Заев на руските комичари им праќал слики со Меркел
Фото: Влада