еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Уметничка инсталација: Картографија на просторното насилство (Случај на градот Скопје)

Во паркот Ибни пајко, на фасадата на Македонската опера и балет на 4 август во 21.30 часот ќе се реализира привремена уметничка интервенција под наслов „Картографија на просторното насилство (Случај на градот Скопје)”, на авторите Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова.

„Проектот се фокусира на просторното насилство, односно како репрезентациите и констелациите на моќта се отелотворени во архитектурата и урбаните простори, инструментализирајќи ги граѓаните преку политички мобилизации, идентификации и поделби.

Во конкретниот случај, проектот преку визуелна методологија и користење на картограм го прикажува просторното насилство во централниот дел на градот Скопје, на тој начин преиспитувајќи го односот помеѓу материјалноста на урбаните простори, згради, споменици, обележја и спектарот на нематеријални процеси, односно симболичките, етничките и социјалните“, информираат авторите.

Реализиран како привремена уметничка интервенција на фасадата на Македонската опера и балет овој проект создава дополнителна интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на политички одбележаните простори.

Автори на проектот се Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова, а соработници на проектот се Глигор Постолски, Дрен Невзати и Индрит Османи. Авторите изразуваат особена благодарност до Мери Батакоја, Јован Ивановски и студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје кои придонесоа во реализацијата на проектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шапка и Маврово во фокусот на белоруските тур-оператори за претстојната зимска сезона

Редакција

Среќа плус за Невенка и Мартин Стојчеви, од с. Сарај, Струмица

Редакција

Францускиот магазин АД ја препорачува Македонија меѓу петте туристички дестинации за 2020

Редакција