еМагазин
Image default
Локално

Две жени ранети по пукање на свадба во гостиварско Чајле

Две жени се здобиле со повреди при пукање од огнено оружје на свадбена веселба во гостиварското село Чајле. Непосредно по ранувањето, жените се згрижени во гостиварската болница, а лицето кое е осомничено дека пукало од пиштол е лишено од слобода.

Според информациите од СВР Тетово, половина час по полноќ во дворот на семјената куќа на Б.Х. (53), додека траела свадбена свеченост, имало пукање од огнено оружје. Во се уште до крај нерасветлени околности дошло до повредување на две жени кои присуствувале на веселбата.

Повредените Х.И. (44) и М.М. (35) биле пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ и медицински згрижени.

Утрово, на местото на настанот, увидна екипа и јавен обвинител извршиле увид и се работи на расветлување на случајот.

По пријавата, околу 1:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Х. домаќинот на веселбата, под сомнение дека тој пукал со пиштол.

Годинава, ова е прв посериозен инцидент предизвикан од неовластено пукање на свечености во Гостиварско. Пред четири дена во тетовска Мала Речица при пукање со огнено оружје беа ранети две помлади лица од кои едното беше сериозно повредено и оперирано на скопските клиники.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Што му порачаа учениците од основните школи во Карпош на градоначалникот Богоев

Редакција

Повредено момче во пекара во Скопје

Редакција

62-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата ќерка

Редакција