Криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции при МВР, во координација и соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС-Прилеп, а по претходно изготвен план, спроведоа оперативни активности за лоцирање и приведување лица кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции на подрачjето на Прилеп, соопшти МВР.
Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните Казнено поправни установи.
Oд слобода се лишени М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци во КПУ Прилеп; Ј.С. (25) осуден на тримесечна казна во КПУ Прилеп; А.А. (37) седуммесечна казна во КПУ Идризово; С.М. (37) едногодишна казна КПУ Идризово; Б.Г. (37) седуммесечна казна КПУ Идризово; О.Е. (42) шестмесечна казна КПУ Прилеп; Б.Т. (67) шестмесечна казна – КПУ Прилеп и Ж.В. (43) исто така шестмесечна казна КПУ Прилеп.