еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Матица македонска“ отвори книжарница-галерија

Книгоиздателството „Матица македонска“ отвори книжарница – галерија, која се наоѓа спроти плоштадот ВМРО во Скопје, информираат од таму.

„Во добро конципираниот салон, љубителите на книгата и уметноста ќе имаат можност да се информираат за најзначајните лектирни изданија за основно и средно образование, како и за најновите дела на познати македонски и светски писатели.

Посебно место заземаат изданијата објавени на македонски и на англиски јазик за македонската историја и фолклор, за народните носии, везови и накит, потоа за македонските манастири и цркви, за познатите резбарски центри и соборни храмови, како и монографски книги за Македонија, Скопје и Старата скопска чаршија, Охрид, Свети Наум Охридски, Курбиново и др.

За љубителите на уметноста достапни се дела на познатите македонски сликари: Ордан Петлевски, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Коле Манев, Павле Кузмановски, Иван Велков, Стефан Хаџи Николов, Владо Георгиевски, Решат Амети, Симон Шемов, Драги Хаџи Николов-Аџи, Ниче Василев, Миле Корубин, Драган Аврамовски-Гуте и др“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за средношколците од „Нова“ на меѓународниот CEESA натпревар во знаење

Редакција

Вила Clarina All Seasons од Крушево со попуст од 20 отсто за здравствените работници

Редакција

По повод 8-ми Септември Кузмановски и Момировски ќе возат велосипед цели 110 километри

Редакција