еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок

Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди денеска за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

– Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Адвокатката Фрчкоска најави дека денеска ќе побара укинување на притворот на Јанева

Катица Јанева разрешена и од Обвинителството во Гевгелија

Ван Хојте за ИРЛ: Јанева треба да ја истражува специјален суд, а не колегите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК

Редакција

Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвараат сомнителни линкови

Редакција

Полицаец од Свети Николе доби кривична за лихварство

Редакција