Во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, Алта банка АД Битола меѓу друго објави и колку биле издвоени за надоместоци на членовите на Управниот и Надзорниот одбор.

Во периодот од 1.1.2025 до 13.1.2025 година во Надзорниот одбор (НО) на Банката беа Гордана Гацева, претседател и независен член, Стевчо Јолакоски, член, Игор Камбовски, член и Антони Пешев, независен член.
Во овој период Борислав Атанасовски, заменик-член на Надзорен одбор ја вршеше функцијата вршител на должност член на Управен одбор на Банката заклучно со 13.1.2025 година.
Во периодот од 14.1.2025 до 31.12.2025 година во НО на Банката беа Гордана Гацева, претседател и независен член, Борислав Атанасовски, заменик-член, Стевчо Јолакоски, член, Игор Камбовски, член и Антони Пешев, независен член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
72% од вработените во Алта банка Битола се жени
Во периодот од 1.1.2025 до 13.1.2025 година во Управниот одбор беа Александра Радевска, претседател и Борислав Атанасовски, в.д член.
На ден 13.1.2025 година Даниела Ѓоршевска ja доби согласноста од страна на Народна банка за именување на член на Управен одбор.
Во периодот од 14.01.2025 до 31.12.2025 година, функцијата членови на Одборот ја извршуваа Александра Радевска, претседател и Даниела Ѓоршевска, член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопственикот на Алта банка Битола ги купува Идеа маркети и уште четири фирми
Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор














