еМагазин
Image default
Техно

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

По интензивно тринеделно предавање А1 Македонија со гордост го објавува успешното завршување на A1 Academy. Академијата за Бизнис Аналитика им овозможи на учеснците да стекнат знаење и вештини во повеќе области, како што се анализа и визуелизација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примената на вештачка интелигенција во бизнис секторот, велат од таму.

„Горди сме што се повеќе млади ја препознаа нашата намера и покажаа огромен интерес и мотив за учење. Со креирање на динамична средина за учење и обезбедување пристап до најновите алатки и методологии, продолжуваме со нашата цел, а тоа е овозможување на што повеќе млади луѓе да се стекнат со дигитални вештини во ова модерно време.

Наскоро следува нов модул на уште една атрактивна и модерна теми и ги охрабруваме сите млади што сакаат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy,” изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Нашите врвни експерти, професионалци во својата област понудија детално изучување на клучни сегменти како што се предвидување на бизнис трендови, оптимизација на процеси и стратешко одлучување.

Целта на академијата беше да се објаснат најновите методи и практики кои се повеќе се употребуваат во сферата на бизнис аналитика и оперативниот менаџмент, а придонесуваат за оптимизација на бизнис процесите, намалување на трошоците и целокупно подобрување на ефикасноста и работењето на бизнисите. Крајот го заокруживме со официјално доделување на сертификати.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО: Регионот се подготвува за ерата на електромобилите

Редакција

Греење и ладење без струење на водухот: Samsung Wind-Free™ Deluxe

Редакција

(ВИДЕО) ОАЕ стана петта земја која стигна до Марс, Дубаи во црвено

Редакција