еМагазин
Image default
Техно

(Фото+Видео) „Deposit House Market“: Oнлајн трговски центар во Македонија

“Deposit House Market“ e онлајн трговски центар со над 200 онлајн продавници и 10.000 производи од различни категории: храна, облека, козметика, мебел… (deposithousemarket.com).

-Купувањето e брзо, лесно, по прикладни цени на сигурен начин, а заштитени сте од “Deposit House Market“.

На овој начин наједноставно ја опишаа својата замисла за првиот онлајн трговски центар во Битола, Марјан и Игор од „Desposit House  Market“.

За идејата, предностите и сигурноста во купувањето онлајн со „Deposit House Market“ поразговаравме во канцеларијата на “Deposit House Market“ чие седиште се наоѓа на „Булеварот 1-мај“ наспроти Судот во Битола.

„Deposit House Market“ прв “он-лајн“ трговски центар со “он-лајн“ продавници со свое седиште канцеларија во Битола. Кажете ни повеќе околу идејата?

-“Deposit House Market“ – онлајн трговски центар може да го замислите, и е всушност пандан на оној кој постои физички, со многу онлајн продавници. Кога сакате да купите од она што посакувате „влегувате“ во нив преку „Deposit House Market“ низ категории за купување.

Онлајн продавниците во онлајн трговскиот центар  имаат и панел излог, од каде  си разгледувате и нарачувате. На онлајн трговски центар може да се приклучат физички и правни лица.

За овие две недели колку сме активни, односно два месеци работа ни се приклучија повеќе од 200 онлајн продавници. Морам да кажам дека тоа е предобро за кратко време колку сме на пазарот, и едни сме од првите во Македонија и први во Битола.

Се разбира дека во наредните месеци очекуваме и повеќе, особено поголеми брендови. Сакаме во наредните месеци да се поврземе со онлајн продавници од Балканот, со што понудата ќе биде огромна.

Кога сме кај продавниците сакам да напоменам дека преку нас сите продавници кои се затворени во Македонија, можат да се вратат на пазарот, а Македонците да ги купуваат производите кои ги претходно ги купувале.

Кои се предности на купуввањето во онлајн трговскиот центар “Deposit House Market“?

–Новината која сакавме да ја постигнеме со отварање на  „Deposit House Market“ “он-лајн“ трговскиот центар е во тоа што со поголемиот број онлајн продавници прави конкуренција и намалени, односно подостапни цени за купување. Тоа е сигурно еден од најголемите предности.

Потоа и второ. Знаеме дека постои онлајн купување на Фејсбук каде секоја фирма си изложува од своите производи. Но, проблем се јавува што после 2-3 дена ако помине потребно е да се пребарува од понудите.

Овде е се лесно достапно сместено по категории и може лесно да се најде во секоја од онлајн продавниците. Најголема предност е сигурноста која се добива и кај купувачите и кај оние кои продаваат. Купувачот ако има проблем веднаш да реагира кај нас.

Купувањето онлајн e многу посигурно во онлајн продавниците на онлајн трговскиот центар на „Deposit House Market“. Кажете повеќе околу ова?

-Купувањето онлајн е многу популарно последните години. Но, се уште постои страв од измама со картички, достава, што ќе се добие од она што се нарачува. Од овие причини постојат личности кои не купуваат онлајн, па макар што цените во реалните физички продавници се доста повисоки.

Низ разговори со оние кои носат карго пратки, сите имаме слушнато за разни случаеви на измама, дури и случај на завиткани камења, наместо нарачка. Сега на овој начин купувачите се заштитени кога нарачуваат преку „Deposit House Market“.

Секаков проблем било во добиента нарачка, величина, квалитет и друго ќе може да реагираат до нас. Ние сме лесно достапни или на интернет го бараат “Deposit House Market“ или да дојдат тука во нашата канцелрија во центарот близу саат кулата покрај река Драгор.

Исто така “он-лајн“ продавниците во нашиот “он-лајн“ трговски центар, ќе бидат заштитени од проблеми кои се јавуваат од купувачите, со платежна картичка се плаќа и тоа стои кај нас.

Ако има измама за адреса на пример или кога стигне пратка клиентот не се јавува по телефон. Како и многу други проблеми кои се јавуваат и се поврзани со он лајн купопродажба. Со “DepositHouse Market“ заштитени се сите во онлајн продажба и купување.

Кои производи ги имате и кои производи се  најбарани во “он-лајн“ трговскиот центар “DepositHouse Market“?

-Во категориите на онлајн продавниците има скоро се од понуди за деца, жени, мажи, мебел, облека, храна… Немаме само некои за кои се потребни специјални дозволи за продажба, како на пример оружје, таблети, лекови.

Побарувачката зависи од се и од сезоната. Сега на пример најпродавана е летна облека и некои работи за во градина, базени, детски играчки… Статистичките податоци зборуваат дека најголеми купувачи се жените, а тоа се потврдува и тука во нашиот онлајн трговски центар “Deposit House Market“.

Пр-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирана првата македонска национална стриминг платформа „Глеј“

Редакција

(Видео) Компанија на Илон Маск вгради мозочен чип кај човек

Редакција

Франција ја запре продажбата на Ајфон 12 поради големо зрачење

Редакција