еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Бугарскиот конзул немал право да присуствува на увидот на Комисијата за спречување дискриминација во бугарскиот клуб

Генералниот конзул на Бугарија во Македонија, со седиште во Битола, Димитар Иванов, немал право да биде присутен за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, согласно Конвенцијата за конзуларни работи, бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата, соопшти Министрерството за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, Министерството за надворешни работи го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуалните наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението “Иван Михајлов“ од Битола.

Цврста заложба на Министерството, се посочува, е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Македонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица  да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација.

-Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во РС Македонија, со седиште во Битола, Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Конвенцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот, бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од С Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата.

Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во РС Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во РС Македонија, стои во соопштението.

Министерството укажува и на обврската на институциите да пристапуваат професионално и објективно кон ваквите претставки и предмети.

– Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти, се вели во соопштението.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) претходно соопшти дека присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ завчера во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го известиле и МНР.

Од КСЗД, посочуваат дека увидот е по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно активен официјалниот Твитер профил на министерот Османи

Редакција

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат во вториот круг од изборите: Кој доби најмногу гласови?

Редакција

(ВИДЕО) Испиша историја: „Летечкиот човек“ Френки Запата го прелета Ламанш

Редакција