еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Промовирана првата македонска национална стриминг платформа „Глеј“

Нa македонскиот пазар е достапна првата македонска национална стриминг платформа – GLEY („Глеј“) преку која се приклучуваме кон светските трендови на развој на локални и регионални СВОД (Video on Demand) платформи“.

„Сега, со GLEY македонските граѓани добиваат лесен пристап до најдобрата домашна и регионална продукција, детска програма, европски и холивудски филмови и серии, кои се комплетно локализирани на македонски и албански јазик, без прекини за реклами и со имплементирана родителска заштита,“ изјави извршниот менаџер на СВОД Мастер, Дарко Перушески.

Тој додаде дека „Глеј“ ги обединува македонските продукциски капацитети и им дава можности за забрзан развој на нови и постоечки проекти, потенцирајќи дека македонските продукциски куќи имаат капацитет за создавање високо квалитетна програма.

На „Глеј“ е достапен значителен број македонски филмови и серии со што се овозможува лесен пристап до домашната продукција. Поголем дел од македонските содржини ќе бидат дигитално ексклузивно достапни само на платформата.

„Ексклузивноста на дел од содржините кои не се достапни и локализирани на другите веќе постоечки глобални платформи го прават „Глеј“ оригинален, атрактивен и единствен на домашниот пазар.

Посебен акцент е ставен на обработката на детската програма која е синхронизирана на македонски и албански јазик.

Со „Глеј“  можете да бидете сигурни дека вашите деца гледаат програма соодветна на нивната возраст. „Глеј“, исто така, ексклузивно на македонскиот пазар, нуди и голем дел од брзорастечката регионална продукција, која во овој момент предизвикува голем интерес кај публиката на овие простори,“ беше потенцирано на промоцијата.

Содржините се достапни во висока ХД резолуција со квалитетен звук на LG, Samsung и Android TV СМАРТ телевизорите, персонални компјутери, таблети или мобилни телефони.

За таа намена се изработени апликации кои корисниците можат лесно да ги инсталираат на оперативните системи на телевизорите во Apple App Store и Google Play Store.

Пристапот до програмите на GLEY ќе биде со месечна претплата која е необврзувачка и корисникот ќе може да ја откаже кога сака.

Понудени се три нивоа на месечна претплата: 299 денари, 399 денари и 499 денари во зависност од бројот на уреди на кои истовремено ќе може да се има пристап кон платформата.

Корисниците можат да се регистрираат на gley.mk на својот компјутер или мобилен телефон. Сите корисници кои ќе се регистрираат до 30 ноември, ќе добијат 30 дена промотивен пробен бесплатен период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери може да стане претседател на Македонија: Ако нема цензус на претседателски избори, можни нови уставни измени

Редакција

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција

(Фото) Струга забрани шетање низ градот во бикини и костуми за капење, поставени се и предупредувачки знаци

Редакција