еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Џафери може да стане претседател на Македонија: Ако нема цензус на претседателски избори, можни нови уставни измени

Шпекулациите присутни во јавноста извесен период, дека е можен некаков бојкот на престојните претседателски избори, во „стилот“ на референдумот за името, стигнале и до Владата, а од таму извори велат дека не се исклучува можноста за нови уставни измени за избор на претседател, доколку тоа се случи.

Нема детали дали во тој случај на маса ќе биде идејата претседател да се бира во Собрание, интервенција во потребната излезност или некое друго решение.

За да изборите бидат успешни на истите да треба да излезат околу 720 илјади граѓани или 40% од гласачите.

Во случај изборите да бидат неуспешни, привремен претседател на Македонија ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери.

еМагазин пред неколку дена во анализа за претседателските избори, предвиди и вакво сценарио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не сака да биде претседател

Три сценарија за претседателските избори

Ангелка Пеева Лауренчиќ можен кандидат на ЛДП за претседателските избори

Кој ќе седне во претседателската фотелја на претседателот Иванов?

Фото: Џафери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајден и уапсен возачот кој на пешачки премин усмрти 11-годишно девојче

Редакција

Телма: Убиениот кај Слупчане бил лихвар

Редакција

(Галерија) Забавата денес беше на Маврово: Без магла и ПМ-10 честички

Редакција