еМагазин
Image default
Техно

А1 Македонија со едукативен настан по повод Светскиот ден на телекомуникациите

А1 Македонија го одбележува 17 Мај, Светскиот ден на телекомуникациите, кој оваа година Меѓународната телекомуникациска заедница го одбележува под мотото „Дигитални технологии и здраво стареење на возрасните лица”, информираат од таму.

Придружувајќи се кон овој светски тренд, А1 Македонија ги отвори вратите за возрасните лица и ги стави на располагање своите волонтери-експерти кои на едноставен начин ги внесоа во дигиталниот свет, потенцирајќи ја важноста од дигиталната трансформација и користењето на дигиталните алатки кои овозможуваат нивна меѓусебна поврзаност и независност олеснувајќи го нивното секојдневие.

„Како општествено-одговорна компанија но и како компанија двигател на дигитализацијата во земјава, наша одговорност е да ги едуцираме не само младите туку и повозрасните како безбедно да ја користат светската мрежа и како од истата да исползуваат придобивки во секојдневието”, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

„Навистина ни е драго што нашите членови беа дел од овој настан. Добија многу корисни совети кои ќе им помогнат во нивното интернет секојдневие, како да бидат информирани, како да комуницираат со своите најблиски но и како безбедно да користат онлајн услуги, притоа внимавајќи на своите лични податоци.

Благодарност до А1 Македонија која покажува дека не заборава на возрасните и секогаш знае што е во моментот актуелно и што нам ни е потребно,”  изјави претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

Под мотото „За подобар свет” во рамки на програмата ESG (environmental, social and corporate governance), А1 Македонија целосно е посветена кон развој и реализација на општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку градоначалниците го користат Фејсбук

Редакција

Паметен дом за модерно живеење, новo Smart Home решениe во понудата на Македонски Телеком

Редакција

Над половина од Македонците интернетот го користат за читање вести, само девет проценти за барање работа

Редакција