еМагазин
Image default
Техно

Пет совети како да заштедите енергија при користење на машината за перење

Апаратите за домаќинство и начинот на кој ги користиме играат голема улога на нашето влијание врз климатските услови, но и на висината на месечните сметки за електрична енергија, поради што енергетската ефикасност на апаратите за домаќинство се наметнува како едно од најважните барања на секое современо домаќинство.

Гледајќи назад, машината за перење го направи животот неверојатно лесен со еден клик. Сепак, современата технологија и честата потреба од користење на овој апарат за домаќинство носи предизвик како да заштедите енергија, а да ги исперете сите алишта. Покрај новата енергетски ефикасна машина и ние самите можеме да придонесеме за ова преку рационално користење. Еве неколку совети за тоа како да заштедите пари додека перете облека во машината:

1. Перете ја облеката на ниска температура

Главниот фактор што влијае на енергетските перформанси е температурата на перењето. Електрична енергија ќе заштедите ако ја перете облеката на пониска температура од 20 до 30 степени. За да можете почесто да користите пониски температури за време на перењето, се препорачува да сe одделат помалку извалканите алишта од оние што бараат потемелно перење.

2. Користете пократко време за перење

Се согласувате дека повеќето алишта треба само да се освежат и нежно да се перат. За перење на помалку извалкани алишта и материјали кои немаат дамки, изберете пократко време на перење. Исто така, во голема мера зависи и од технологијата на вашата машина за перење. Најнапредна, како што е QuickDrive™ технологијата на новата Samsung WW9800T, може да го намали времето за перење до 50 проценти и потрошувачката на енергија до 20 проценти.

3. Поврзете ја машината за перење со доводот за топла вода или исперете ги
алиштата во ладна вода

Машините за перење користат најмногу енергија за загревање на водата, па доколку е можно, поврзете ја со доводот за топла вода, што значително ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија. Од друга страна, со технологија како што е EcoBubble™ на машината за перење Samsung WW9800T, нема да треба да загревате вода често, бидејќи оваа технологија го подобрува ефектот на детергентот претворајќи го во меурчиња, кои побрзо продираат во ткаенината дури и во ладна вода. Перењето со ладна вода заштедува енергија што би се потрошила на нејзино загревање, а истовремено ја штити ткаенината и бојата на облеката.

4. Не вклучувајте ја машината ако немате доволно алишта во барабанот

Ако ставите премалку алишта, ја намалувате ефикасноста на циклусот на перење, бидејќи машините обично користат иста количина вода и електрична енергија за половина исполнет барабан. Од друга страна, ако барабанот е преполн, тој нема да ги измие алиштата добро, затоа се препорачува да се наполни до 80 проценти од капацитетот. Можноста за погрешна проценка е помала кај Samsung WW9800T, чиј барабан се врти независно од задниот дел, создава подинамични движења, а резултатот е потемелно испрани алишта. Покрај тоа, специјалниот Samsung Digital Inverter компресор ја зголемува енергетската ефикасност со употреба на силни магнети за подобри перформанси и потивок циклус на перење.

5. Не користете премногу детергент и изберете соодветни програми за перење

Преголемата количина на прашок бара дополнително плакнење, со што на машината ќе и биде потешко да ги измие алиштата, затоа е важно да не се претерува со прашок. Пред перење, одделете ги алиштата според видот на материјалот за да можете да изберете најсоодветна програма за перење. Опцијата AI Wash на машината за алишта WW9800T користи сензори за откривање на тежината и видот на материјалот за перење кои се во барабанот за да се процени количината на вода и детергент што е потребна, додека AI Control ја елиминира потребата корисниците да ги листат
достапните програми за да ја пронајдат потребната.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 Cyber Backup, напредна услуга за сајбер заштита на податоци 

Редакција

Гугл ќе плати казна од 3,8 милиони долари поради дискриминација

Редакција

Сезоната на подарување е отворена: Samsung Galaxy Watch 46mm на подарок со купување на одредени уреди

Редакција