еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети повика на масовна вакцинација: „Со семејството сме вакцинирани од мај“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска на својата официјална Фејсбук страница упати апел до сите граѓани за масовна вакцинација и изрази сочувство до семејствата на починатите од Ковид-19.

-Јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус Ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани, напиша Ахмети.

Претседателот на ДУИ изрази најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој, како што напиша, подмолен вирус и апелира за масовна вакцинација и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена.

-Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секое училиште што ги исполнува условите може да организира настава со физичко присуство

Редакција

Рускиот амбасадор во Грција: Русија не е против новото име на Македонија, но не е за членство во НАТО

Редакција

Жена од Гостивар која боледувала од карцином, почина од коронавирусот

Редакција