Неколку осомничени лица се приведени за оштета на државниот буџет и македонската економија, соопштија од Обвинителството за борба против организиран криминал и Управата за финансиска полиција.
Рано утринава се извршени претреси во објекти во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид.
„Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Управата за финансиска полиција ја спроведе со Обвинителството и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, стои во заедничкото соопштение на Обвинителството и Финансиската полиција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.