Голем пораст на вредноста бележи акцијата на „Реплек“, а истовремено компанијата ја тресат акционерски превирања.
Во две блок-трансакции со вкупна вредност од 6.048.000 денари или околу 98.000 евра вчера на Македонската берза се продадоа 56 акции од компанијата по цена од 108.000 денари за акција.
Според финансиските извештаи на компанијата, последната пазарна вредност на една акција на друштвото во 2020 година изнесувала 104.000 денари, а во 2019 година 77.000 денари.
Колку за споредба една унца злато на пазарот се продава за 89.790 денари.
АКЦИОНЕРСКИ ПРЕВИРАЊА
На последната седница на Собранието на акционери на компанијата не беа разгледи извештаите за работењето на Управниот и Надзорниот одбор и разгледување на овие точки беше одложено за продолжението на седницата закажано за 22 април, годинава.
Од компанијата потоа информираа дека не е точно дека се отповикани членови на Управниот или Надзорниот одбор.
Очигледно е дека меѓу акционерите во компанијата има две крила. Првото ја поддржува работата на актуелното раководство, а второто бара промени. Исто така, очигледно е дека е многу тесна разликата во бројноста на двете крила и тоа само може да ја подгрее цената на акцијата.
УСПЕШНА КОМПАНИЈА
Вкупниот бројот на вработените во групацијата „Реплек“ заклучно со минатата година изнесува 469 вработени.
Основна дејност е промет на големо со лекови, помошни лековити средства и медицински момагала, производство и продажба на фармацевтски препарати, продажба на лекови на мало.
Компанијата извезува на повеќе странски пазари, а остварен е извоз дури и во Виетнам.
Споредни дејности на групацијата се производство на парфеми и тоалетни препарати, производство на хомогенизирани, хранливи препарати и диететска храна, трговија на мало со мешовита стока во „Маркетот Реплек“, угостителски услуги во ресторанот „Ден и ноќ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продадени два блока акции од „Реплек“ за 98.000 евра
Реплек: Не е донесена одлука за отповикување на ниту еден член на Управниот одбор
За 27.000 денари се зголемила вредноста на акцијата на „Реплек“ за една година
Колкави биле примањата на Управниот и Надзорниот одбор на Реплек лани