еМагазин
Image default
Бизнис

Акционерот во Раде Кончар-Апаратна техника, Стојков ги подари акциите на ќерката и синот

Врз основа на Договор за подарок на акции, акционерот Стојков Здравко ги пренесе своите акции кои ги поседуваше во АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје на својата ќерка Јана Стојкова Каневче и на својот син Стојков Дарко, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Врз основа на горенаведеното, акционерот Јана Стојкова Каневче во моментов поседува 15.566 акции издадени од АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, што претставува 7,5% од вкупниот број на акции, додека акционерот Стојков Дарко во моментов поседува 12.034 акции издадени од АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје што претставува 5,8% од вкупниот број на акции или двајцата заедно како поврзани лица имаат вкупно учество од 13,38%“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извозот во јануари со раст од седум отсто

Редакција

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп во првите три месеци со зголемена добивка

Редакција

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари

Редакција