Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира, изјави за „Слободен печат“, Муса Џафери, еден од експонентите на „огнената група“ по состанокот на лидерот на партијата со Изет Меџити и Блерим Беџети во партиското седиште во Мала Речица.
-Артан Груби барем малку ако го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени.
Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка, бидеќи така нема да се решат проблемите. Не може политичките проблеми и барања во партијата да се решаваат со средби со членови од ограноците, вели Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се јави Груби, тврди дека немало раскол во ДУИ, сите биле построени позади Ахмети
Фото: МИА