Очекувано за македонскиот преставник за Евровизија, Васил Гарванлиев, се заинтересираа и бугарски политичари, а првата реакција, исто така многу очекувано пристигна од партијата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, ВМРО БДП, која е дел од бугарската Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Кој е Васил Гарванлиев, македонскиот преставник за Евровизија кој ја разбранува јавноста
Си ја запечати ли Гарванлиев кариерата во Македонија?
Во денешното партиско соопштение на ВМРО БДП, се вели дека партијата ќе работи на тоа следната година Гарванлиев да ја претставува Бугарија на Евровизија, ако Македонија го повлече од овогодинешниот настап.
“Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму.
И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година“, стои меѓудругото во соопштението.
За тоа дали Гарванлиев ќе ја преставува Македонија на Евровизија според најавите, Македонската радио телевизија треба да одлучи денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Гарванлиев