еМагазин
Image default
Македонија

Ако вакцинацијата продолжи со ова темпо, кон средината на октомври би имале пораст на колективниот имунитет, оцени Филипче

Во однос на барањата на коморите за олеснување на мерките, министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека според него актуелните мерки треба да останат исти се додека не се зголеми колективниот имунитет. Ако продолжи вакцинацијата со ова темпо, според Филипче, кон средината на октомври би имале пораст на колективниот имунитет.

– Досега заклучно со викендот вакцинирани се 660 илјади граѓани од кои 101 илјада се ревакцинирани. Со ова темпо ако продолжиме, верувам дека некаде до средината на октомври уште повеќе ќе порасне колективниот имунитет.

Може да стигнеме до милион граѓани кои ќе бидат вакцинирани. Тоа е сериозен процент, близу 70 проценти од полнолетните граѓани, што е многу битно имајќи предвид дека почнува учебната година, а тоа е нешто што го сметаме за одреден ризик, така што сакаме во овој есенски период, кога освен учебната година, се повеќе луѓе ќе бидат во затворени простории, да бидеме што побезбедни, истакна Филипче.

Според проследните проценки, како што посочи, за да се постигне колективен имунитет потребно е да биде вакцинирано околу 80 проценти од населението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имунитетот од вакцината е подолготраен и поефикасен, вели Филипче

Опцијата ПЦР тестови за влез во моловите и кафеаните ќе предизвикаше гужва на пунктовите и можност за ширење на вирусот, вели Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идентификувани пет лица кои учествуваа во упадот на изложбата на македонскиот уметник Андреевски во Солун

Редакција

(Видео) Влошена состојбата кај една од пациентките заразени од корона вирусот, поставена е на апарат за дишење

Редакција

„Гардијан“: Резултатот од референдумот во Македонија уште една победа за Путин и Русија

Редакција