еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Актерката Јелена Јованова добитничка на признание од нејзиниот роден град Штип

Актерката Јелена Јованова доби признание „8 Ноември“ од нејзиниот роден град Штип за постигнување во сферата на културата и развојот на театарската и филмската уметност.

Признанието се доделува по повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

„Жал ми е што денес не бев со Вас за лично да Ви се заблагодарам. Неизмерно ми е драга и важна Вашата доверба. Кога признанието доаѓа од дома, верувајте тоа значи најмногу. Штип е еден храбар сонувач и ловец на таленти. Овој град ме постави на патот на кој што сум и во голема мера ме обликува во личноста која сум денес. Затоа ќе сум му вечно доследна и благодарна. Ви благодарам уште еднаш“, напиша Јованова на нејзиниот фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук-профил на Јелена Јованова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

Редакција

Двегодишниот Михаил од Тетово за кого се собираше помош, на лекување во болницата во Белград

Редакција

(Галерија) Над 50 „Места со срце“ ги усреќија дечињата од СОС Детско село

Редакција